Американскиот милијардер Џеф Безос(54), основач на компанијата Амазон и најбогатиот човек на листата на Форбс, објави дека се разбведува после 25 години брак. После ова се појави нова информација, дека наводно Безос се забавува со поранешната тв водителка Лорен Санчез(49), пренсува Бизнис инсајдер.

Њујорк Пост пренесува дека Лорен Санчез се уште е официјално во брак со истакнатиот холивудски агент Патрик Вајтсел, иако веќе некое време се разделени.

Новинарите неколку месеци ги следеле Безос и неговата нова девојка, поради што тој бил принуден да објави дека се разведува.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/O5Zm1A8W0xA” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.