На социјалните мрежи се појави снимка од  гласот на Никола Тесла која ја разбранува јавноста. Во аудио снимка од само 30 секунди тој зборува за неисцрпната енергија што не опкружува.

– Електричната енергија е присутна насекаде во неограничено количество и може да работи со светските машини без користење нафта, јаглен, гас или било кое друго гориво. Оваа нова енергија доаѓа од космичката енергија – вели  Тесла во ова видео.

Сепак, оваа снимка од наводниот глас на Никола Тесла треба да се земе со резерва, бидејќи никој не потврди, ниту демантираше дека навистина тој зборува на оваа снимка. Оставено е на читателите сами да проценат и да веруваат или не дали тоа навистина го кажува Тесла или не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.