Православните верници и црквата денеска го слават Велигденски понеделник-ден по Христовото станување од гробот. Велигденскиот понеделник според византискиот обред е првиот ден на Светлата недела-седмицата по Велигден.

Богослужбите на овој ден се исти како за Велигден. Во поголемиот дел од овие краишта велигденските празници се слават три дена. На велигденскиот понеделник продолжуваат гозбите и веселбата на кои се пречекуваат роднините, кумовите, соседите и пријателите. Тоа е време кога се собираат роснините од подалечните краишта. Во повеќе места се организираат литии.
Во Србија, во селата на Војводина се задржал еден обичај-поливање на девојките со вода. Имено, сите млади момчиња со фијакери  кочии ги посетувале девојките во селото и со себе носеле тамбураши или самите свиреле но носеле и кантичка или сад со воа со кој ја полевале девојката. Симболично, полевањето со вода претставува миење на претходните гревови на девојката, а тоа исто така потсетува и на тоа како Исус им ги миел нозете на апостолите.

Се сметало дека колку повеќе ја полее некое момче девојката значи дека поголема е шансата дека ќе ја запроси таа година. После тоа девојката ги служела со обоени јајца, колачи и вино, а понекогаш и ќе заиграла со нив во орото.

Девојки, ако денеска видите дека вашиот избраник носи вода, дозволете да ве испрска-тоа секако е добар знак. Ова е ден за радост и веселба, затоа нека биде тоа единствено правило кое треба да го почитувате денеска-радувајте се, смејте се и поминете го денот со оние што ги сакате. Велигден сеуште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.