Тврдењето на гинекологот на познатата актерка Мерилин Монро кој пред многу години рече дека Монро после два спонтани абортуса во јуни 1961 родила ќерка би можело да го потврди постоењето на Гладис Бејкер Морис.

Гладис покренала судска постапка, бидејќи најголемиот дел од својот живот го поминала во уверување дека е далечен потомок на славната актерка, поточно ќерка на нејзината роднина Мередит Бејкер.

Ми рече дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и мене ако дознаат за бременоста, така што се породила во тајност и набрзо после раѓањето ме сокрила кај неа, открила Глaдис.

Откако ги пронашла документите дека навистина е усвоена, Гладис ја приврушува постапката на докажување на роднинските врски со еден од најинитригантните парови во историјата.

Доколку се утврди дека навистина е ќерка на Мерилин и Џон, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што се проценува богатството на познатата актерка кое годишно се зголемува за неверојатни пет милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.