В сабота милијарда и четврт илјади жители на Кина ќе го прослават доаѓањето на Новата година или како што ја нарекуваат Пролетен фестивал и претставува најзначајниот празник за Кинезите. Според кинескиот хороскоп 2023 година ќе биде во знакот на зајакот.

Оваа вечер Кинезите вообичаено ја прославуваат во кругот на семејството собрани околу обилната и пребогата трпеза, но и со вклучен телевизор. Точно во 20 ч. по локално време, започнува најголемиот телевизиски спектакл – т.н. Новогодишна гала.

Ова ТВ шоу според бројот на гледачи е најзначајното ТВ шоу во Кина и воедно најгледан ТВ настан во светот според Гинисовата книга на рекорди. Главен продуцент е токму Чајна Медиа Груп, а се емитува точно 40 години.

Програмата трае 4 часа и претставува дефиле на најпоуларните кинески музичари, актери, комичари, акробати, забавувачи, а во неколку наврати учествувале и познати светски ѕвезди како пеачката Селин Дион, актерката Софи Марсо, танчерската група Fire of Anatolia итн.

За овој повод кинеската телевизија изработи видеоколаж синхронизиран и на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.