Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во населбата Мокри Дол загина 32-годишниот М.А. од Требиње додека се враќал од сопствената свдаба, пренесува Курир.рс.

Две лица се потешко, а две полесно повредени во несреќата. Од полицијата во Требиње потврдиле дека сообраќајката се случила 40 минути по полноќ, кога автомобилот во кој бил младоженецот, од засега непознати причини, слетал од патот.

Според информациите, младоженецот живеел и работел во Белград, а во родниот крај дошол за да се ожени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.