Почитувачите на Тоше Проески, и годинава на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево ќе пристигнат во 11:30 часот во Крушево и ќе бидат пречекани со рози.

Организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Прв пат годинава од необјасниви причини каков што бил одговорот од надлежните,  Србија не дозволува маратонците да трчаат во земјата, ултрамаратонот се одржува по дванаесетти пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.