Православните верници, утре на 27 октомври, ја слават Света Петка. Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми.

Покрај храмовите посветени на светицата, често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита и многу помага во заздравувањето.

Според популарното верување, Света Петка на верниците често им се појавува во сон од две причини: да обезбеди утеха и да донесе добра вест или како еден вид предупредување за грешки.

Народните веувања велат дека на Света Петка не смее да се пере, да се шие, да се работат тешки работи, а посебно тоа не треба да го прават жените.

Многумина кои веруваат во Света Петка, тврдат дека таа секогаш се одзива на молитви, посебно за здравје и среќа на семејството. Но кога некој ќе ја повика во својот дом, таа подоцна доаѓа и неповикана, кога и на семејството да му се заканува некоја несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.