Одбележувањето на Денот на самците – 11.11 (единаесетти ноември) потекнува од Кина од 1990 година. Овој ден е комерцијален празник – како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе.

Од Кина брзо се прошири низ светот и стана интересен и забавен празник на кој самците се дружат, одат на вечера или си купуваат разни подароци. истовремено, Денот на самците стана денот со најголема трговска активност во светот.

Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот. На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет.

Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба „Алибаба“ направила вкупна продажба од над 38 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.