По преселувањето во Канада, Хари и Меган потполно беа спремни да започнат нов живот, а тоа значеше и отпуштање на вработените кои работеа за нив, за време на престојот во Велика Британија. Уште во јануари, вработените на поранешниот војвода дознаа дека за нив нема иднина во тим позициите и дека 15 од нив останаа без работа.

Тимот последен дознал дека Меган и Хари јасно дале до знаење како живеењето пола година во Лондон нема да се реализира и дека најверојатно нема ништо да биде од нивната работа. Додека најверојатно само неколку досегашни работници ќе преминат на други позиции во кралското домаќинство, остатокот земале оштета.

Со својата одлука да отстапат од својата кралска должност, вработените од Бакингемската палата веќе не им се потребни. Сите детали се уште се финализираат, а се внесува и напор некои луѓе да се префрлат на други позиции внатре во кралското семејство, за жал, некои од нив сепак ќе останат без работа“, открил извор близок на кралското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.