Со користење на сателитски снимки од пред и по војната, ОН го документираа оштетувањето или целосното уништување на 207 културни споменици во воена Украина.

Податоците се собираат на специјално креирана онлајн платформа, која првично ќе биде достапна само за експерти, но наскоро ќе биде отворена и за јавноста, изјави Криста Пикат од Организацијата за образование и култура на ОН УНЕСКО во Женева. Седум споменици на листата на светско наследство на УНЕСКО досега не претрпеле оштетувања, посочи таа.

Други згради, како што е драмскиот театар во Мариупол, ја немаа истата судбина. Стотици цивили побараа засолниште таму веднаш по почетокот на војната во март.

Руските бомби уништија поголем дел од зградата на 16 март. УНЕСКО ги оценуваше сателитските снимки создадени од 9 март до 12 мај.

Потврдени се штети на 88 верски објекти, 15 музеи, 76 објекти од историско или уметничко значење, 18 споменици и 10 библиотеки.

Сателитските снимки помагаат да се утврди точното уништување.

Снимките се користат за документирање на времето и степенот на уништување и, меѓу другото, за развој на планови за обновување, рече Пикат, пренесе Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.