Саботата оред прочка струмичани ја викаат „умрело дете за баничка“. Приказната има тривијален карактер и зборува за тоа дека некогаш на тој ден некое сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. Но, веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропосната недела кога постот станува построг.

Саботата е последниот ден кога се јаде млеко и млечни производи, а православната традиција налага не само да се изеде туку и да се поделат млечните производи со другите.


Извор: Струмица денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.