Двајца средношколци признаа дека ѝ подметнале семена течност во храната на нивната наставничка. Инцидентот се случил во мај во средно училиште во Филаделфија, а учениците од 8 одделение биле дел од час каде професорите ја пробуваат храната која тие им ја подготвиле.

Двајцата ученици го снимале моментот кога ѝ ставиле сперма во храната, која наставничката потоа ја јаде. Подоцна го споделиле видеото на социјалните мрежи, а пред судијата кажале дека идејата ја виделе на „Јутјуб“.

Несреќната наставничка се шокирала откако ја дознала вистината.

Бев запрепастена. Како е можно некому воопшто да му падне тоа на памет? Немав одговор на тоа прашање, само седев во шок? Зошто? Зошто мене? Се чувствував нападната, раскажала таа, додавајќи дека првото нешто што го направила било тест за полово преносливи болести.

Учениците се извиниле, а училиштето ги суспендирало, 10 дена 15-годишникот, а пет за 14-годишниот ученик. Тие добија по 30 дена во затвор за малолетници и 100 часа општествено-корисна работа. Исто така, ќе мораат да посетуваат психолог, кој пак им даде задача да ѝ напишат писмо на својата наставничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.