На Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Џон Ленон, одбиено му е барањето условно ослободување, а „Прес Асошиешн“ дошле до транскриптот од сослушувањето во кое убиецот ѝ се извинува на Јоко Оно и признава дека Ленон го убил од себични причини.

Транскриптот од сослушувањето на убиецот на Ленон открива дека неговото барање е одбиено бидејќи тоа би било неспоиво со добробитта на општеството и дека Чепмен со својот себичен чин на милиони луѓе им ги ускратил инспиративните зборови на славниот музичар.

Чепмен имал 25 години кога во декември во 1980 година во Ленон испукали четири куршуми.

Само сакам да повторам дека ми е жал за злосторството кое го направив. Немам оправдување. Тоа беше поради слава. Мислам дека најголемо злосторство е да се направи такво нешто на некој кој е невин – рекол Чепмен.

Беше неверојатно популарен. Не го убив заради карактерот или поради тоа каков човек беше. Беше семеен човек. Икона. Го убив бидејќи беше многу, многу, многу славен и тоа беше единствената причина. А јас бев многу, многу, многу желен за слава и многу себичен, пишува во транскриптот од сослушувањето.

Тој потоа ѝ се извинил на на Јоко Оно.

Жалам за болката која ѝ ја нанесов. Цело време размислувам за тоа – порачал убиецот на Ленон.

Чепмен е оженет, а неговата сопруга живее во близина на затворот во Њујорк каде убиецот ги поминува последните осум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.