Руската блогерка Јекатерина Карагланова (24) пронајдена е мртва во изнајмениот стан во Москва, а цела Русија ја потресе случајот кој го опишуваат како злосторство од хорор филм.

Русинката е пронајдена во куфер, гола со пресечен врат и повеќе убодни рани.

Полицијата успеала да го пронајде злосторникот и го привела Максим Гарејев(33).

Имено, Јекатерина работела како ескорт дама како би ги платиле студиите по медицина. На интернет постојат многу нејзини експлицитни фотографии. Постојат наводи дека често ја уцеувале и и се заканувале поради фотографиите, но никогаш ништо не пријавила.

Кобниот ден во нејзиниот стан дошол Гарејев, што го снимиле и камерите.

Кога дознал дека се подготвува да отпатува за Холандија со постар маж, ја избодел неколку пати во градите. Потоа сакал да ја скрие во куфер и да се ослбоди од неа, но телото не и го собирало, па ја оставил во станот.

Гарејев тврди дека Јекатерина ја видел на сајтовите кои нудат сексуални услуги, но како што се наведува, не можеле да се договорат околу цената. Таа сметала дека понудил прениска сума.

Ме навреди, ми го уништи сексуалното достоинство и се подбиваше на моите финансиски способности. Не можев тоа да го поднесам, па ја избодев 5 пати во вратот и градите. Се кајам и ќе соработувам со властите – рекол на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.