Познато дека жените се палат на „жестоки“ мажи кои се на ивица на законот. И убавиците од регионот не се ништо различни. Тие ги љубеа едни од најпознатите балкански криминалци и останаа со нив или до последниот куршум или до одењето во затвор.

Дејана Живковиќ e една од најпознатите српски манекенки која сака луксузен живот. Најпрво се забавуваше со босанскиот тенисер Дамир Џумхур но во центарот на вниманието дојде откако влезе во врска со водачот на Шкаљарскиот клан Момчило Вукотиќ. Дејана беше со Момчило кога го апсеа во Анталија. Сега е во затвор во Белград и чека да го испорачаат во Црна Гора.

Наталија Гуркова е бугарска мисица и актерка која беше мажена за српскиот трговец за дијаманти Ѓорге Михајлевиќ. Тој минатата година беше убиен во класична „сачекуша“ во Јужна Африка. Наталија на социјалните мрежи постојано се фалеше со гламурозниот живот кој го води и кој и го овозможил нејзиниот сопруг.

Камила Каникоби е поранешна мисица на Перу која беше во врска со нарко дилерот од Србија Давид Цуфај. Тој беше фатен со два тони кокаин во Јужна Америка. Неочекувано беше пуштен да се брани од слобода по што му се губи секаков траг. Камила негираше дека била во врска со поранешниот боксер со потекло од Косово но фотографиите кажуваат дека биле многу блиски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.