Пд денеска, 14 јуни во рамки на утринската програма на Македонската телевизија (МТВ) во рамки на утринската програма на МТВ „Македонија наутро“ ќе бидат емитувани тв-стории за атлетите на Специјална олимпијада Македонија кои се подготуваа и ќе учестуваат на Летните олимписки игри во Абу Даби.

Проектот е „Заедно до медали“ и во него се следи делгацијата на Специјална олимпијада Македонија пред и по Летните олимписки игри Абу Даби 2019.

Составен е од два дела, обука за социјални медиуми за екипата која патуваше на олимпијада, со цел редовно информирање за успесите кои таму ги постигнуваа и медиумски дел, ТВ стории за трите тима, атлетика, пливање и јунифајд кошарка кои се квалификуваа за игрите.

ТВ сториите „Заедно до медали“ се авторство на волонтерите на Специјална олимпијада Ана Зафирова – новинар, Сашо Доковски – снимател и Радован Петровиќ – монтажер и режисер. Со овие стории нашата јавност ќе има можност детално да ги запознае комплетните тимови кои учестуваа на Олимпијадата, како и потенцијалите, можностите и доживувањата на атлетите на олимписките игри и влијанието кое го имаат од нив.

Реализацијата на „Заедно до медали“ е на здружението Специјална олимпијада Македонија, поддржанo преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.