Маж(40) уапсен е под сомневање дека својата трудна жена ја турнал од карпа, додека биле на одмор во Долината на пеперутките близу градот Мугла во Турција.

Хасан Асал, кој одбива да ја признае вината и тврди дека станува збор за незгода, се сомничи дека својата сопруга Семра ја турнал, откако направиле низа фотографии на карпата над провалијата.

Се претпоставува дека мотив се пари од животното осигурување.

Асал наводно својата 8 години помлада сопруга, која била во седмиот месец од бременоста ја турнал од карпа во јуни 2018 година. И мајката и бебето починале на место.

Асал тврдел дека станува збор за несреќа, ама вниманието на обвинителството го привлекло тоа што тој побрзал да земе пари од осигурувањето веднаш по трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.