Тригодишно момче, кое паднало од шести спрат на зграда во Кина е спасено бидејќи станарите развлекле ќебе и со него го ублажиле падот на детето, јавува кинеската државна телевизија.

На почетокот на видеото се гледа дете како види од балконот и се обидува да се качи назад но никако не му успева.

По него се слушаат викотници од насобраните станари и случајни минувачи.

Го подиигнав погледот и видов дете кое виси од 6-ти спрат, прва помисла ми беше да најдам нешто со што ќе можам да го фатам. Прво мислев тоа да го направа м со раце, но тоа би било бескорисно“ раскажал работник во компанија која ги одржува зградите.

Развлековме една прекривка и следевме што се случува со детето, едниствено мислев како да го спасиме, рекол тој.

Во моментот кога детето паднало, група луѓе стоеле и држеле растегната прекривка која го ублажила неговиот пад.

Се се одиграло многу брзо. Момчето е одведено во болница , каде му се констатирани неколку лесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.