Три многу агресивни жени нападнале возач на Убер во неговото возило кога им рекол да стават маски. Жената во средина и го послушала до одреден степен, но се чини дека другите две сакале, поради тоа, да го претепаат. Почнале да го напаѓаат, пцујат, плукаат, а потоа најагресивната меѓу нив му ја тргнала маската и трите му кашлале в лице.
Инцидентот се случил на улиците во Сан Франциско.

За среќа, возачот забележал полицаец, закочил пред него и истрчал од возилото.

Судирот меѓу патниците и возачот се случил на 7 март откако Малезија Кинг (24) ја извадила заштитната маска, а потоа почна да кашла кон возачот. Целиот настан е снимен од надзорната камера во возилото.

Другиот осомничен патник, 24-годишната Арна Кимиаи, најавила дека ќе се предаде, соопштила полицијата.

„Задоволни сме што слушнавме дека Кимиаи има намера да ја направи вистинската работа“, рече потполковник Трејси Мек Креј од полицискиот оддел во Сан Франциско (СФПД).

Возачот на „Убер“, Субахакара Кадке (32) изјавил дека патниците одбиле да носат заштитна маска, едниот се обидел да му го украде мобилниот телефон и против него бил користен пепер спреј.

Сан Франциско воведе мерки за борба против ковид-19, вклучително и задолжително носење заштитна маска со „покривање на носот и устата“ кога граѓаните се оддалечени помалку од два метра од некој што не е член на нивното домаќинство, кога се користи јавен превоз и кога транспортот се користи за деловни цели, пишува Би-Би-Си.

На снимката од надзорната камера на „Убер“ се гледаат тројца патници кои седат одзади, од кои двајца во еден момент ги вадат маските. Третиот патник сè уште не е именуван.

Еден од нив потоа се наведнува напред и кашла кон возачот и се обидува да му го земе мобилниот телефон.

Кадка и рекол на полицијата дека го запрел возилото неколку минути откако ги зел тројцата патници, бидејќи забележал дека едниот не носи маска. Тој рече дека имало конфликт кога рекол дека ќе продолжи да вози само ако сите имаат маски на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.