Тргни, тргни Младене, зборувала вобудено госпоѓа во автомобил, додека на сред пат, покрај друг автомобил, на две нозе стоела збунета мечка.

Иако многумина се шегувале дека таа стои како на возачите да им бара возачка и сообраќајна, други заклучиле дека мечката е гладна и дека веројатно бара нешто за јадење.

Снимката предизвикала големо внимание на социјалните мрежи, со оглед на тоа дека ваква блиска средба ретко се бележи со камера, а настанот се случил во Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.