Во градот Барселона веќе нема полова дискриминација по прашањето кој смее да плива топлес во базен, а кој не.

Жените отсега ќе може да се бањаат, да пливаат и да се сончаат топлес на градските базени во Барселона, соопштија градските власти.

Откако неколку градски базени им забранија на жените да влегуваат топлес, организацијата против дискриминација Mugrons Lliures спроведе кампања и Градското собрание спроведе истрага.

По завршувањето на истрагата беше донесена одлука дека жените не смее да бидат дискриминирани во однос на мажите и може да бидат топлес на јавни базени.

Портпаролката на Градското собрание на Барселона изјави дека не постои пишан дрескод на градските базени. Таа додаде дека родовата и половата дискриминација се недозволиви во градот Барселона каде капењето топлес не е ништо ново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.