Славниот актер Том Хенкс (63) соопшти како се чуствува по точно две недели откако му беше дијагностициран корона вирусот.

Заразена со овој вирус како што знаете е ѝ неговата сопруга Рита Вилсон (63).

По болничкото лекување парот е пуштен во домашна изолација, а сега Хенкс упати апел до луѓето насекаде низ светот.

Еј луѓе, две недели по нашитеп први симптоми се чуствуваме подобро – започна Том. Засолништето функционира вака – не даваш никому и не земаш од никого. Здрав разум, не? Ќе потрае малку, но ако водиме сметка еден за друг, да помогнеме каде можеме и да се одвикнеме од некаков комфорт… И ова ќе помине. Тоа може да го сфатиме – кажал актерот.

Да потсетиме. Том Хенкс замина во Австралија за да се подготви за снимање на филмот за Елвис Присли, во кој го игра менаџерот на кралот на рокенролот, полковникот Том Паркер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.