Меган Маркл пред неколку дена ја одушеви планетата во тегет комплет на традиционалната парада, што беше нејзино прво појавување во јавност откако на светот му го покажа новородениот син Арчи Харисон.
После почетната еуфорија и славењето на нејзиното насмеано, симпатичо лице за време на целиот настан, на сите за око дури сега им западна еден прилично непријатен детал.

Имено фановите ги прегледале фотографиите и снимките од настанот, и воочија една крајно непријатна и конфузна сцена која се одиграла меѓу војвотката и војводата од Сасекс.

Имено Меган стоела пред Хари во Бакингамската палата, па во еден момент се свртела кон него. Тој на прв поглед делувал сталожено, но многу очигледно било дека дека бил раздразлив и со лоша волја. Војводата нешто и кажал на сопругата, после што таа се свртела, но со сосема поинакво расположение и израз на лицето, дури и солзи во очите.

Експерт за говор на тело и читање од усните истакнал за Дејли Меил дека Хари и наредил на Меган да се сврти. Наводно и се обратил со зборовите: Сврти се…гледај!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.