Братот на Небојша Марковиќ, кој е убиен пред својата зграда на Баново брдо, вели дека Неша бил весел и расположен кога последен пат се слушнале и дека ништо не укажувало на трагедија.

Мојот Неша беше средечн, чесен и насмеан човел. Го убија утрото пред Бадник, во моментот кога ја подготвувал количката за едногодишнот Алјоша, бидејќи сакал со него и осумгодишната ќерка Исидора да оди во прошетка. На божиќното утро требаше сите семејно да се собереме во куќата на нашите родители. Голема трагедија не снајде.

Со овие зборови, со глас полн со тага почнал да зборува Славиша Марковиќ(38), брат на Небојша Марковиќ(37), кој брутално беше убиен пред згрдата во која живеел од страна на Чаба Дер, по кој трага полицијата.

Братот на Небојша вели дека тој не бил во родбинска врска со Алексадар Шарац од Пинк Пантер. Тие претпоставуваат дека тој живеел во истата зграда со Небојша.

Тој брат му ќе го помни како ведар и добродушен. Никогаш не се пожалил дека има проблеми, закани, ниту дека стравува за сопствениот живот.

Ќе даде Господ да се утврди и докаже што се случило. Во шок сме. Се уште не веруваме дека Неша го нема – рекол Славиша Марковиќ, кој со семејството го подготвува погребот на брат му.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.