Оперскиот пејач Стефан Неданоски  ја отпеа песната „Се зададе темен облак“ и предизвика бура од емоции кај присутните на чествувањето на јунаците од Битката на ножот. Емотивното видето е споделено и на социјалните мрежи.

На 14 јули беа одбележани 112 години од најепохалната битка по Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение „Патриот“ од Прилеп, како и група граѓани на Ножот им оддадоа почит на паднатите херои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.