Младата Тесика Браун на „Тик-ток“ се пожали дека со недели не може да ја мрдне својата коса, откако користела супер лепак наместо лак за коса. Таа многу се изненадила кога сфатила дека косата воопшто не ѝ се поместува иако повеќепати ја миела косата со шампон.

Тесика се надеавала дека супер лепакот ќе ѝ заврши работа откако снемала лак за коса.

За сите кои ме познавате, знаете дека мојата коса е ваква еден месец. Не го бирав тоа, не. Навистина не, рекла таа во своето видео кои има неколку милиони лајкови и прегледи. Кога ја средувам косата, сакам фризурата да ја завршам со силен лак за коса, чисто да стои се на свое место. Епа, останав без лак за коса и потоа го земав супер лепакот. Многу лоша идеја, навистина. Мојата коса не се поместува. Дали слушате што ви кажувам? Не се поместува воопшто, се пожали таа во видео на „Тик-ток“.

@im_d_olladyStiff where????? Ma hair 🤬🤬

♬ original sound – Tessica Brown


Денеска конечно побарала и медицинска помош, а во коментарите многумина ѝ порачаа дека додека е таму треба да си ја „провери и главата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.