Поединците сметаат дека принцот со заминувањето од семејството и се осветува на кралицата Елизабета, татко му Чарлс и на сите тамошни медиуми, затоа што тој ги обвинува за трагичното загинување на Лејди Ди во 1997 година…
Одлуката на британскиот принц Хари да ја потресе монархијата со објавување за напуштање на кралското семејство, беше негова одмазда за смртта на мајката, принцезата Дијана.
Тоа е само една од необичните теории на заговор кои се шират за популарниот мегзит (заминувањето на Меган и Хари), што ја натера кралицата Елизабета Втора вчера да одржи итен состанок.

Според порталот News18.com, многумина веруваат дека целата оваа „бркотница“ е всушност добро осмислена и дека принцот сака да им се одмазди на својата баба, татко му и на британските медиуми, кои сите се виновни за смртта на неговата мајка,која загина на 31 август 1997 година додека бегала на папараците во Париз. Според текстот, Хари се лутел на медиумите уште од детството, а кога британските таблоиди почнале да ја напаѓаат неговата сопруга, тој решил да им се одмазди за смртта на Лејди Ди. Според некои теории, тој за смртта на мајка си секогаш ги обвинувал Елизабета и Чарлс, за кои без никакви докази се шпекулирало дека стојат зад несреќата, па сега им се свети. Токму затоа, тој одлучил да се ожени за разведена Американка, бидејќи е сличнен на оној брак со бракот на чичкото на кралицата, Едвард Седми, што довело до уставна криза и негова абдикација. Дури има и теорија дека бракот со Меган е лажен и дека таа е само платена актерка. Се разбира, нема докази за ниту едно од овие тврдења.

Слично на тоа, поединците ја развиле теоријата дека одлуката на Хари во никој случај не била случајна и не го изненадила семејството, туку дека тоа било план на Елизабета да го искористи помладиот внук за да воведе поцврста моќ во Комонвелтот, каде што улогата на монархот била значително ослабена.
Инаку, средбата на Хари со кралицата, Вилијам и Чарлс се случила вчера во замокот Сандрингам и не била завршена до доцна во ноќта. Сопругот на кралицата, Филип, го напуштил замокот наутро незадоволен од целата ситуација.

До вчера не се знаело дали Елизабета ќе ја казни двојката, но експертите сметаат дека е малку веројатно дека би ги укинале нивните титули како на принцезата Дајана, затоа што Хари е роден со неа, а Меган ја добила титулата Војвотка од Сасекс преку брак. Кралскиот фотограф Артур Едвардс верува дека кралицата на принцот Хари ќе му даде „понуда што не може да ја одбие, па војводата ќе остане во Велика Британија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.