Пред две години, по тешко боледување почина познатата пејачка Дона Арес.

Дона ја изгуби битката со болеста на 41 година. Еден период живееше во Данска, но потоа се вратила дома.  Нејзината мајка најтешко ја поднесе нејзината смрт.

Преболно е, претешко е. Не дај Боже на никој да не се чувствува како што се чувствувам јас. Времето ништо не лечи, имам јас свои механизми за функционирање, многу сме јаки, големи сме борци.Меѓутоа, таа секогаш е присутна. Научивме на нејзините турнеи и дека ја нема, но кога ќе дојдат денови и ќе се соочиш со реалноста, вистината е посурова,  вели мајката на Дона Арес за „Аваз“.

Таа исткана дека човекот само може да научи да живее понатаму.

Беше позитивна личност, полна со живот, а отсекогаш ја сакаше музиката. Не беше важно кој жанр ќе биде, дали ќе свири или ќе пее, се потсетува мајката на Дона.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.