Вонбрачниот син на покојниот Шабан Шаулиќ наводно е на смртна постела.

Не сум добро. Тато чекај ме – рекол Роберт Шаулиќ(47).

Познато е дека тој е во тешка финансиска ситуација, но и дека има здравствени проблеми кои до сега не ги изнесуваше во јавност. Ни овојпат не кажал од што боледува, но е на смртна постела. Роберт живее во Зрењанин, а соседите рекле дека нема пари ниту за храна, а камоли за лекови. Поради неговата добрина, собирале пари за да му помогнат полесно да живее.

Истакнале дека Роберт, додека можел, чувал стари и болни луѓе, кои за тоа му плаќале.

Роберт веќе не го интересира оставинската постапка и единствена желба му е барем на оној свет да биде со својот татко.

Никогаш Роберт не бил сосема здрав. Се знаеме со години, често работевме заедно во градежништвото. Вреден е тој, ама има епилепсија. Често знае да му се слоши додека работи тешки физички работи, па соседите го носат во болница. Зборуваат дека последниот пат кога добил напад бил баш лошо, бидејќи не ја пие терапијата кој му е препишана. Често знае да блада и да зборува неповрзани работи. Соседите зборуваат дека баш му е лошо, но тој тоа се обидува да го сокрие. Вели дека едвај чека да биде со татко му на оној свет, кога веќе не можел да биде на овој. Мајка му си води свој живот и никому не му е гајле за него – рекол изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.