Џо Германоти, татко на пејачката Леди Гага побара хуманитарна помош и ги замоли луѓето да му донираат дури 50.000 долари, за да може да ги плати вработените во ресторанот кој е моментално затворен.

Имено, таткото на популараната пејачка е сопственик на ресторан во Њујорк, кој моментално е еден од градовите во светот со најголем број на заразени од коронавирусот, а поради таа ситуација тој беше приморан да стави клуч одредено време.

Џо во петокот започна кампања за собирање пари за да може да ги плати сите трошоци на ресторанот и да ги исплати своите вработени, а отпушти дури 30 луѓе.

Работам најдобро што можам, но моравме да го затвориме ресторанот. На нашите луѓе им е потребна финансиска помош, а секоја помош за нашите вработени ќе биде ценета – напишал Џо на неговиот твитер-профил, но набрзо ја избриша објавата.

Со оглед на тоа дека е татко на мегапопуланрата музичка сензација Лејди Гага, која само во текот на минатата 2019 година од концерти и продадени плочи, заработи 39.5 милиони долари, а нејзиното богатство според „Форбс“ се проценува на 300 милиони долари, многумина ваквиот потег ги разбесни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.