Пензионираниот земјоделски инженер Мехмет Фати (66) и неговата ќерка Фејза Јилдиз од Турција, дипломираа на ист факултет во ист ден.

Како што вели Јилдиз, тие заедно и се подготвувале за испитите.

Таткото и ќерката ги добија дипломите на свечено доделување во Факултетот за исламски науки при Универзитетот на Ушак. Фати, инаку, претходно дипломирал и на Универзитетот Еге, во 1978 година, една година пред неговата ќерка да се роди.

Мојата ќерка, мајка на две деца, е домаќинка. Сакавме заедно да студираме на Факултетот за исламски науки… Иако одвоено одевме на предавања, секогаш бевме заедно. Навистина сум среќен што можев да студирам со ќерка ми – изјави Фати.

Тој во својот говор пред студентите нагласи дека успехот лежи во многу труд и напорна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.