Додека поголемиот дел од светот се бори со вториот бран на пандемија, Тајван веќе 200 дена нема пријавено локална трансмисија на случаи на коронавирус, а властите постојано укажуваат на успехот на островот во одржување на инфекцијата под контрола.

Тајванскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) последен пат објави домашен случај на инфекција на 12 април.

Официјалните лица на ЦДЦ им се заблагодарија на граѓаните за помошта во спречувањето на вирусот, истовремено повикувајќи ги да продолжат да носат маски и често да ги мијат рацете. Од почетокот на пандемијата, Тајван забележа 553 случаи на ковид-19 и само седум смртни случаи.

Иако ширењето на вирусот кај домашната популација е запрено, сè уште се бележат нови случаи кај луѓето кои доаѓаат од странство.

Тајван доби бројни признанија за успешното реагирање на пандемијата, особено со оглед на неговите блиски деловни и туристички врски со Кина, каде вирусот првпат се појави кон крајот на минатата година.

Сепак, локалните медиуми, кои внимателно ги следат извештаите за луѓе кои имале позитивен тест за ковид-19 по напуштањето на Тајван, предупредуваат дека се поставува прашањето дали навистина има вирус на островот, особено по извештаите на јапонските и тајландските здравствени власти дека три лица неодамна кои го напуштиле Тајван биле позитивни на новиот вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.