Еден свештеник бил прободен за време на утринската маса во капелата „Свети Јосиф“ во Монтреал, информира полицијата. Тој бил однесен во болница, а осомничениот напаѓач бил уапсен, пренесува РТ.

Осомничениот го нападнал отец Клод Гру со остар предмет од задниот дел на црквата и го повредил.

Инцидентот се случил за време на утринската миса и бил снимен и пренесуван во живо. Полицијата била повикана на местото на настанот околу 8:40 по локално време. До моментот кога тие пристигнале, напаѓачот веќе бил задржан од обезбедувањето во капелата, вели Каролин Шеверфил, портпарол на полициските сили во Монтреал.

Полицијата вели дека отец Клод се здобил со полесни повреди на горниот дел од телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.