Американскиот свештеникот и педофил Џон Капарели (70) е убиен во својата куќа во Невада под сомнителни околности, а според пишувањата на медиумите, изнајмувал машки проститутки.

Капарели бил обвинет дека сексуално злоставувал најмалку двајца малолетници во период од 1970-та до 1980-та година, кога работел во Њу Џерси, а минатиот месец се појавил на листата на свештеници педофили.

Соседката на свештеникот, Марта Ловато, на полицијата ѝ изјавила дека верува дека неговото убиство било испланирано и дека е убиен поради одмазда.

Уште еден сосед верува дека свештеникот бил убиен уште минатата среда, на 6-ти март, бидејќи тој ден не се појавил на закажаната вечера.

Полицијата се уште не споделува никакви детали за убиството. Роднина на свештеникот го идентификувал телото во мртовечница два дена откако бил пронајден мртов. Повеќето жртви на Капарели наведуваат дека ги терал да се „борат“ во бикини и притоа ги фотографирал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.