Водителката Сузана Манчиќ минатата година по врска од 18 години се венча со грчкиот банкар Симеон Оцомокос. Иако по венчавката повеќе време поминува со сопругот, таа не се пресели во Грција, па бракот го одржуваат на далечина. Сепак, Симеон има начин како да ја чува од упорните додворувачи.

Леле, ме надгледува тој мене, мислам дека има некаков специјален сателитски надзор. Тој е еден љубоморен и посесивен Грк. Токму сега се враќам дома бидејќи ќе ми се јави преку видеоповик за да провери дали сум се вратила на време. Тоа е сепак нормално и во граници што можам да ги поднесам, открила Сузана за српски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.