Американката Бет Неш од Бостон, го собори рекордот како професионална стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди.

Неш работи како стјуардеса 65 години.

Американката почнала да работи во 1957, кога имала 21 година, прво за компанијата „Истерн ерлајнс“, а потоа и за „Американ ерлајнс“, а до денес нема никаков прекин во работниот однос. Гинисовата книга го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Неш вели дека поголемиот дел од својата кариера го минала на патувања Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа ѝ овозможува да се врати дома навреме, оти мора и да се грижи за својот син со попреченост.

Таа смета дека оваа работа значително се променила со текот на годините.

Порано мораше да бидеш толку и толку висока, требаше да имаш одредена тежина… Порано беше ужасно. Добиваш неколку килограми и мораш почесто да се мериш, а ако останеш таква, ти ја намалуваат платата – раскажува таа за „Даблју-џеј-ел-еј“.

На 86 години, таа официјално е и највозрасната стјуардеса според „Гинис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.