Студентка од Универзитетот во Гленелг, Австралија, не ни помислила дека едно обично отворање на мејлот ќе ѝ донесе 5 милиони долари.

Како што пренесува „News.so.au“, студентката, чие име не е објавено, играла лото онлајн за време на предавањето на факултет. До вечерта веќе не се ни сеќавала дека играла лото, но по три дена се случил пресврт во нејзиниот живот.

Не ни размислував за лото, само накратко го отворив мејлот и сфатив дека сум освоила лото премија. Бев шокирана, а не можев никако да изреагирам, бидејќи бев на предавање. Ми беше тешко да се воздржам, бидејќи сакав да врескам и да скокам од среќа. Гледав во часовникот и едвај чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот. Трипати го проверив мејлот за да видам дали сонувам –  рекла студентката.

Таа истакнала дека од добивката сака да ѝ купи на мајка ѝ автомобил, но сака да си купи и недвижнина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.