На социјалните мрежи осамна фотографија од е-маил комуникација меѓу професорка и студент. Во истата, по повод празникот Порчка, студентот бара од професорката да му прости за тоа што препишувал и да му дозволи да полага во јунска сесија.

Почитувана професорке, Убавината на денешниот празник Прочка ме натера да Ви пишам. Простете ми што препишував на испитот во јануари, навистина не сакав. Се надевам дека ќе ми простите и ќе ми дозволите да полагам повторно во јуни. Секое добро“, напишал студентот.

Но, не се одело според планот. Професорката рекла дека е атеист и му потенцирала дека ќе треба да полага по три испитни сесии, под казна.

Почитуван колега, Јас сум атеист, па не славам вакви празници. Многу ми е жал што ве фатив како препишувате. Меѓутоа, како што ви кажав и во јануари: три испитни сесии немате право да полагате. Од мене толку, од Господ повеќе. Секое добро“, пишува професорката.

&nbsp

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.