Осомничениот Р.В. (34), кој минатата недела призна дека го убил А.Р. (34) пред година и пол во селото Конатица, Србија, а потоа го фрлил неговото тело во бунар, по злосторството продолжил да живее во станот на жртвата во Обреновац. Ги излажал соседите дека А.Р. се оддалечил и дека го купил станот.

Медиумите во Србија наведуваат дека злосторството е откриено година и пол подоцна, откако Р.В. додека бил во затвор заради дрога, наводно го признал злосторството пред полицијата затоа што често сонувал за А.Р.

Р.В. моментално издржува затворска казна за дрога. Тој е во затвор од април годинава и не можеше да спие последниот месец. Постојано повторуваше дека е опседнат од дух. За него се претпоставуваше дека паднал во наркотична криза, сè додека во еден момент не побарал од затворската управа да повика полиција затоа што морал да признае нешто, изјавил извор близок на истрагата, пчренесува српски Блиц.

Тој на полицијата детално и раскажал како го убил својот другар, во викендичката на неговата покојна тетка во селото Конатица во близина на Обреновац. Тој го сторил злосторството пред година и пол откако тој и жртвата се скарале за наркотици.

Кога видел што сторил, Р. В., наводно, го одвлечкал телото до бунарот во дворот и го фрлил внатре. Потоа фрлил поголема количина тули и шут врз телото на убиениот и заминал.

Кога подоцна бил уапсен за дрога, во тоа време никој не претпоставувал дека тој е убиецот на младиот човек. Ова злосторство веројатно никогаш немало да биде откриено бидејќи убиениот немал семејство и немало кој да го пријави неговото исчезнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.