Меган Маркл наводно пука од среќа, бидејќи конечно живее живот за кој мечтаела, меѓутоа нејзиниот сопруг принцот Хари и тоа како страда по пријателите кои ги оставил зад себе, како и за членовите на семејството со кои скоро секојдневно е во контакт. Медиумите пишуваат за тоа колку последните промени во животот го шокирале, дури тој не може да се освести и свати што се се случи, што му внесува посебен немир.

Мислам дека на Хари му недостигаат пријателите, војните обврски, титулата и се што добиваше со неа. Имаше некаков ред и поредок во животот, а сега…Во момнетов нема работа, пријателите и семејството му се одалечни со километри. Целата оваа ситуација  во светот и болеста на неговиот татко само по поттурнаа во одлуката повторно да се зближи со братот Вилијам – раскажала  Кејти Никол, експертка која со години ги следи односите во кралското семејство.

Исто така мислам дека Кејт и Вилијам и тоа како го чувствуваат отсуството на Хари и Меган, а жалат што го немаат Хари крај себе, бидејќи многу се врзани – додала таа.

Неодамна е откриено дека и самиот Хари им рекол на пријателите по пат на видео повик дека се уште е во шок колку животот му се променил. Никол нагласува дека на поранешниот принц му недостига структурата, правилата и примерите во животот, кои од детството ги следи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.