На брегот на австралискиот остров Тасманија насукани се 270 китови, од кои најмалку третина починаа. Насукувањето на китовите е откриено во понеделникот, а спасувачите стравуваат дека има уште мртви китови.

Морските биолози се обидуваат да ги спасат преостанатите китови во деликатна операција што веројатно ќе трае со денови.

Не е познато како китовите се насукаа на брегот, пренесува БиБиСи.

Последното масовно насукување на китови во Тасманија се случи во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.