Според верувањето во фенг шуи, ловоровиот лист е моќно растение кое може да привлече пари и просперитет ако го ставите во вашиот паричник.

Ловоровиот лист е еден вид талисман или амајлија, а се верувало дека ако го носите во паричникот или го ставите под чергата, ќе привлечете богатство и пари.

Чистење на енергијата во домот

Исто така, постои верување дека согорувањето на ловоров лист е средство за чистење на енергијата во домот, како и за одредување дали има позитивна или негативна енергија присутна во домот.

Пишувањето желба на ловоров лист е исто така стар ритуал. Се верувало дека за време на млада или полна месечина, на ловоров лист се пишува желба, а потоа тој лист се фрла во оган да изгори. Покрај тоа, важно е да верувате дека вашата желба ќе се оствари.

Фенг шуи, древната кинеска техника за уредување на домот и привлекување позитивна енергија, може да се примени и на паричникот.

Ако во него носите сметки, истрошени картички, стуткани пари и непотребни работи, тогаш привлекувате лоша енергија и неповолна финансиска состојба.

Предмети за привлекување пари

Исто така, отсекогаш се верувало дека одредени предмети можат да привлечат пари и просперитет.

Сигурно сте виделе некаде фенг шуи фигура на жаба која седи на монети, за која се верува дека привлекува пари, или можеби имате таква во вашиот дом. Во домот се чува најчесто на влезот или на работната маса, а според фенг шуи правилата, овој фенг шуи магнет за изобилство можете да го ставите во вашиот паричник.

Ова не значи дека треба да носите фигурина од жаба во паричникот или чантата, туку се верува дека слика од фенг шуи жабата која ја чувате во паричникот може да поттикне привлекување пари.

Исто така, монетите од фенг шуи исто така можат да влијаат на привлекувањето на позитивна енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.