Статуата на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, поставена пред стадионот на Малме ФФ, е повторно уништена. Непознати лица ја исекле статуата над стапалата. Освен тоа, главата на три местри високата статуа била завиткана со црна маица, а на плочникот со спреј е напишано: „Отстранете ја!“.

Ибрахимовиќ потекнува од проблематичниот кварт Росенгард во Малме и своите први години како професионален фудбалер ги помина во Малме ФФ. На крајот на ноември минатата година тој најави дека ќе стане сопственик на акции во стокхолмскиот клуб Хамарби ИФ, што предизвика голема лутина во Малме. Оттогаш статуата на Ибрахимовиќ, инаку поставена во октомври, е оштетена повеќепати.

извор: Дојче Веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.