Африканскиот џиновски стаорец Магава беше одликуван со престижен златен медал за неговиот придонес во пронаоѓањето мини во Камбоџа. Магава откри 39 мини и 28 парчиња други неексплодирани убојни средства.

Британското ветеринарно хуманитарно здружение ПДСА му додели златен медал за „неговата жртвена должност во спасување животи и расчистување на смртоносни мини во Камбоџа“, пренесува БиБиСи.

Се проценува дека во оваа азиска земја има до шест милиони мини.

Во златниот медал се врежани зборовите „За храброст или посветеност на должноста“.

Од 30 животни кои го добиле медалот, Магава е првиот стаорец.

Седумгодишниот глодар беше обучен од белгиската хуманитарна организација „Апопо“, со седиште во Танзанија. Организацијата обучува огромни африкански широки стаорци, познати како „херојски стаорци“, уште од 90-тите години за откривање на нагазни мини и туберкулоза кај луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.