Српскиот патријарх Иринеј денеска, на големиот верски празник Успение на пресвета Богородица, наполни 90 години. Тој е 45-от српски патријарх, а на тронот на СПЦ го наследи во 2010 година патријархот Павле.

Оатријархот Иринеј роден е во 1930 година во селото Видов близу Чачак како Мирослав Гавриловиќ. Завршил Богословија во Призрен и Богословски факултет во Белград, а се замонашил во манастирот Раковица во 1959 по служењето војска.

Постдипломските студии ги завршил во Атина, а во периодот од 1971 до 1974 бил ректор на Призренската богословија.

Таа година е избран и за викарен епископ, а една година подоцна во 1975 година поставен е за Нишки Епископ. На 22 јануари 2010 година, избран е за 45 архиереј, митрополит белградско-карловачки и патријарх српски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.