На социјалните мрежи се појави видео од водителката на српската „ПрваТВ“, Роксанда Бабиќ, на кое се гледа како таа остана потполно мирна, иако огромна бубачка и шеташе по вратот и по облеката.

За таквата мирна реакција, Роксанда добива големи пофалби за нејзиниот професионализам за време на програмата во живо, во ситуација кога многумина би изгубиле концентрација и можеби дури и би станале хистерични.

Некои се убедени дека таа не знаела што се случува, додека други тврдат дека покажала оти е професионалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.