Горан Карачиќ е брат на вардаровата ракометна легенда Игор Карачиќ, кој брани за турска Адана Демирспор и е соиграч на екс-младинскиот македонски репрезентативец Јован Манев, кој во Истанбул ги дочека ужасните вести од стравичниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција.

Карачиќ за босански „Аваз“ откри како кучето во раните утрински часови ја разбудил неговата сопруга, непосредно пред силниот земјотрес со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер со епицентар во Газиантеп, па низа градови во тој регион се разрушени, а силно настрадала и Адана, но далеку помалку од апокалиптичните снимки од Газиантеп, Хатај, Дијарбакир и Кахранмарш.

Безмалку 2.000 жртви има во овој турски регион после земјотресот, срушени се над 3.000 станбени згради…

Сите сме во шок, а сопругата остана во Адана. И информациите од таму се катастрофални, во мојот стан ѕидовите се напукнати, не знам. Среќа нашето куче утрото почнало да завива минути пред земјотресот. Така и ја разбудило мојата сопруга, која колку што ми кажа, кога почнало да тресе, само ги земала документите и истрчала на улица. Во Адана е тотален хаос, како и во цела јужна Турција. Адана е полуразурната, а можеби и најдобро помина во однос на останатите градови во целиот регион, вели Карачиќ.

Голманот роден во Мостар веќе шест години е дел од Адана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.