Пандемијата на коронавирусот доведе до затворање на границите, домашна самоизолација и социјално дистанцирање. Во некои случаи пандемијата раздвои цели семејства.

Затоа е посебна глетката кога пред неколку дена едно момче од Кина конечно ја виде својата мајка, по 29 дена разделеност.

Станува збор за здравствена работничка која 15 дена поминала во одделението за заразени од коронавирусот во една болница, борејќи се да ги спаси своите пациенти, а потоа уште две недели поминала во самоизолација. На 14 март таа се вратила дома, во Шијазнг, во покраината Хубеи.

Штом слегла од автобусот, детето веднаш ѝ се фрлило во прегратка, плачејќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.