Жител на Врање, на југот на Србија, стана првиот познат случај во националната кампања за вакцинација кој примил две различни дози вакцина, јавија денеска српските локални медиуми.

Слаѓан Антиќ бил вакциниран со „Фајзер/Бионтек“ вакцина на 28 јануари годинава, а кога по СМС порака бил известен за втората доза отишол во локалната спортска сала, каде примил вакцина на „Синофарм“, јави порталот ИнфоВрањске.

Антиќ за порталот вели дека по грешка е вакциниран со друга вакцина.

Тој на лекарите му го покажаа картонот за вакцинација и разговарал со нив, по што медицинската сестра му ставила вакцина.

Во еден момент лекарот му рекот дека кинеската вакцина штити добро, поради што Антиќ реагирал објаснувајќи дека вакциниран е со прва доза од „Фајзер“, а тие му објасниле дека на тој пункт немаат од американско-германската вакцина.

Следеле низа консултации на локално ниво и со националниот Институт за јавно здравје Батут во Белград, а Антиќ добил терапија, но вели дека не се чувствува добро.

Србија е меѓу водечките земји во светот по вакцинација против корона вирус, со повеќе од милион вакцинирани а имунизацијата се води низ е-системот на државно ниво. Искористени се повеќе од 1,4 милиони вакцини, а 512.000 луѓе примиле и втора доза.

Вчера во Белград стигнаа уште 100.000 руска вакцина, а денеска се очекуваат 58.500 дози од „Фајзер“.

Во март треба да стигнат и 500.000 кинески вакцини на „Синофарм“.

До недлеата во Србија регистрирани се 459.259 случаи на заразени со корона вирус, починаа 4.443, а последните денови расте бројот новозаразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.